-
Што претставува Herbalife?
Уште од 1980 г., Herbalife има мисија да ги подобри навиките во исхраната во светот со вкусни нутриционистички производи поткрепени со наука што им помагаат на луѓето да постават правилна рамнотежа во исхраната. Herbalife е глобална нутриционистичка компанија за директна продажба со повеќе од 40 години искуство во развивање комплетна линија вкусни нутриционистички производи што може да се прилагодуваат за да ги задоволуваат индивидуалните потреби и да им помагаат на потрошувачите да ги постигнат своите уникатни цели во однос на исхраната и wellness цели.
-
На кој начин работи Herbalife?
Производите на Herbalife може да се купат исклучиво преку едуцирани и тренирани независни дистрибутери што обезбедуваат сеопфатни и индивидуализирани решенија за нутриционистичките и wellness цели на клиентите. Herbalife обезбедува Златен стандард за заштита на потрошувачите така што им нуди гаранција за целосно враќање на средствата.
-
Каде работи Herbalife?
Herbalife задоволува разни нутриционистички потреби секој ден така што им нуди избор на своите потрошувачи во преку 90 земји во целиот свет (56 земји во EMEA). Со тоа што им ги подобрува навиките во исхраната на луѓето и што обезбедува висококвалитетни производи и економски можности, Herbalife има позитивно влијание во заедници во светот.
-
Дали се Herbalife производите добри за намалување на телесната тежина?
Herbalife производите се со висок квалитет и поткрепени со наука. Тука спаѓаат: протеински плочки и ужини, инстант растителни напитоци со екстракти на чај, растителни концентрати од алое, додатоци во исхраната, производи за спортска хидрација, производи за исхрана однадвор и протеински шејкови како заменски оброци. Herbalife Формула 1 шејковите се заменски оброци за регулирање на телесната тежина. Исхрана со ограничен калориски внес во која наместо еден класичен оброк ќе изедете заменски оброк помага да го задржиме резултатот откако сме ја намалиле тежината. Тежината може да се намали со ограничување на калорискиот внес во исхраната во која наместо два класични оброци во денот ќе изедете два заменски оброци. Глобалната филозофија за исхрана на компанијата се базира на урамнотежена исхрана, водење здрав, активен живот и следење индивидуализирана програма со помош едуциран и трениран дистрибутер. Оваа филозофија помага да се подобрат навиките во исхраната во светот – човек по човек.
-
Што претставува посветеноста на Herbalife на квалитет?
Состојките на Herbalife доаѓаат од фармери што се посветени да ги исполнуваат високите стандарди на компанијата за садење и конзервација. Herbalife ги тестира состојките во врвни лаборатории пред да се користат за производство за да бидеме сигурни дека покрај униформните глобални стандарди на компанијата, состојките ги исполнуваат и сите владини услови. Лабораториите на Herbalife имаат највисоко ниво акредитација (ISO 17025) со што се потврдува дека компанијата строго се придржува до водечките индустриски стандарди. Сеопфатниот процес за квалитет што Herbalife го следи потврдува дека производот го содржи она што е наведено на етикетата. Од обработка на изворните состојки до финалните производи што им помагаат на клиентите да водат поздрав живот, посветеноста на квалитет е во центарот на сѐ што прави Herbalife.
-
Кој може да ги користи Herbalife производите?
Во 2020 г., 5,3 милиони Herbalife протеински шејкови се консумираа на дневно ниво во целиот свет. Сите Herbalife производи се креирани во согласност со глобални, ЕУ и државни закони за да бидеме сигурни дека е безбедно да ги користат здрави возрасни лица. Herbalife производите треба да се користат согласно начинот на употреба наведен на етикетата. Важно е да имате предвид дека одредени производи содржат состојки како што се соја, овес, млечни состојки, кофеин и други состојки што може да не одговараат за одредени лица, како што се: лица што се алергични или интолерантни на одреден тип храна, бремени жени и доилки. Ако имате прашања во врска со Herbalife производите или со конкретни состојки, може директно да го исконтактирате Тимот за глобална безбедност на потрошувачите. Herbalife препорачува и да се консултирате со лекар пред да направите промени во начинот на исхрана.
-
Колку чинат Herbalife производите?
Herbalife производите имаат конкурентна цена. Сите Herbalife производи за регулирање на телесната тежина, за општа добра состојба, за спортска исхрана и за лична нега вредат за парите.
-
Дали Herbalife производите одговараат за вегани?
Голем дел од производите на Herbalife содржат протеин од растително потекло добиен од соја, меѓу кои најголем дел од формулите на најдобриот производ на компанијата, Формула 1 шејкот како заменски оброк. Овој одржлив протеин од растително потекло има потреба од помалку земјиште и вода и емитира помалку јаглерод од протеинот од животинско потекло. За да им обезбеди дополнителен избор на потрошувачите, Herbalife нуди и алтернативен протеин од растително потекло, како што се протеин од грашок, ориз, киноа и многу повеќе.
-
Каде може да купам Herbalife производи?
Нашиот бизнис модел за директна продажба значи дека Herbalife производите се продаваат исклучиво преку нашата мрежа од независни дистрибутери, а не во традиционални продавници за малопродажба.