Производи
FLaytout Menu
A child from the Casa Herbalife programme.

Personal Goals

Ја подобруваме иднината со Herbalife Family Foundation

Herbalife 26 декември 2024

Herbalife Family Foundation (HFF) е глобална непрофитна и јавна добротворна организација посветена да ја реализира визијата на нашиот основач: да им го подобруваме животот на деца и заедници во целиот свет. Преку нашата Casa Herbalife програма, на повеќе од 206.000 деца во глобалните заедници им имаме обезбедено исхрана потребна за да имаат исполнет живот.

 

Им даваме поддршка на преку 178 Casa програми во целиот свет и имаме позитивен импакт врз безброј деца и семејства. Само во 2023 г. им дадовме поддршка на преку 206.000 деца и нивните заедници. Ве повикуваме да погледнете некои од нивните приказни, со надеж дека ќе ве поттикнеме да ја направите разликата во своите заедници на начин на кој можете.

Програми Casa Peter Pan, Casa Oz и Casa SOS Villaggi dei Bambini, Италија

HFF со гордост им дава поддршка на три влијателни организации во Италија. Во склоп на „Casa Oz“ во Торино, HFF помага за создавање пријатна околина за семејства што се соочуваат со сериозни болести, така што обезбедува оброци, едукација за исхрана преку работилници за готвење и можности за културна размена.

 

Организацијата „Peter Pan“ во Рим им дава поддршка на семејства со деца што боледуваат од рак така што им нуди сместување и хранливи оброци. HFF им го подобрува искуството со тоа што обезбедува средства за работилници за готвење и за обновување на кујните за да им обезбеди здрава исхрана во тешките времиња.

 

Организацијата „СОС Детско село“ [SOS Villaggi dei Bambini] е глобална мрежа што посветено се грижи за деца без родителска грижа и добива поддршка од HFF за промоција на урамнотежена исхрана и здрав начин на живот. Со ова партнерство се обезбедуваат средства за програми преку кои децата учат за исхрана и помагаат во приготвување оброци.

 

Со овие соработки, досега HFF има помогнато да им се подобри исхраната и добросостојбата на преку две илјади деца, со што придонесува за посветла иднина.

Програма Casa CDR Sečovce, Словачка

Повеќе од 14 години, HFF го одржува партнерството со „CDR Sečovce“ во Словачка и значително им го подобрува животот на обесправени деца. Со огромната поддршка на HFF, Casa ја подобри исхраната на децата, ги обнови просториите за приготвување храна, обезбеди неопходна едукација и активности за рекреација. Една од многуте инспиративни приказни е приказната на Кристијан. Кристијан е роден во тешка ситуација и се соочил со бројни пречки уште од рана возраст. Меѓутоа, со социјална околина што оснажува, со нутриционистичка поддршка и со едукативни иницијативи му се подобрија когнитивните способности и во него разбудија страст за здрав живот и готвење. Сега има одличен успех во средно училиште и е тековно на пракса во Кипар. Извонредната трансформација на Кристијан го нагласува огромниот импакт на посветеноста на HFF да обезбедува подобра иднина преку исхрана и едукација.

Програма Casa Aldeas Infantiles, Шпанија

Програмата Aldeas Infantiles како дел од глобалната мрежа СОС Детско село [SOS Children's Villages] им дава поддршка на ранливи деца во Шпанија уште од 1967 г. така што се фокусира да создава заштитничка семејна околина и ги зајакнува мрежите на заедница. Во 2023 г., HFF обезбеди неопходна поддршка преку донации на средства за да им ја подобри исхраната на 300 деца така што обезбеди ужини за седум месеци и ваучери за храна во вредност од 150 € на 180 семејства. Оваа помош е неопходна зашто правилната исхрана има важна улога за растот на децата и за можности во иднина. Покрај финансиската помош, придонесот на HFF опфаќа и директно учество со посети на поранешни спортисти и зајакнување на посветеноста на Herbalife да го подобрува животот со подобра исхрана. Оваа мисија целосно одговара на целите на „Aldeas Infantiles“ – да им се обезбеди правилна исхрана и можности на децата за да бидат успешни. Благодарение на постојаната поддршка од Herbalife заедницата преку кампањи и настани за донации, се прави значајна разлика во животот на овие деца и нивните семејства.

Програма Casa Kalben, Турција

Во Турција, HFF соработува со здружението „Kalben“ што им дава поддршка на деца што живеат под државна заштита. Здружението „Kalben“ обезбедува поддршка за развој, како и психосоцијална поддршка за интеграција во општеството. Придонесот на Herbalife опфаќа финансиски донации, активно учество на волонтери, обезбедување средства за едукативни материјали, за потреби во однос на исхраната и за интерактивни работилници.

 

Најуспешен дел од ова партнерство се работилниците за здрав живот што се одржуваат веќе четири години, каде што децата учествуваат во активности за готвење за да научат повеќе за урамнотежена исхрана, за здрави навики и за одржливост на храната. HFF организира и по две вечери на недела во текот на полугодието за да им обезбеди хранливи оброци на децата. Покрај тоа, секоја сабота се одржува работилница со активности за готвење и овде децата заедно приготвуваат разни оброци. Преку овие работилници се промовира здрава исхрана, социјална интеракција и тимска работа.

 

Благодарение на поддршката од HFF, голем дел од децата стануваат свесни за водење здрав начин на живот, што совршено се совпаѓа со мисијата на Herbalife да промовира поздрав начин на живот. Оваа соработка има значаен импакт врз животот на ранливи деца во Турција и придонесува за посветла, поздрава иднина.

Програма Casa Ana and Children, Романија

Здружението „Ana and Children“, основано во 2007 г., им обезбедува неопходни услуги на 200 деца и 100 семејства во Букурешт и околните региони. Со поддршката од Herbalife, го остварија својот сон да го изградат најголемиот дневен центар за деца од обесправени средини. Овој проект чинеше 1,7 милиони € и беше овозможен со придонесот на Herbalife Романија, HFF и локални спонзори. Сите деца во Casa „Ana and Children“ имаат урамнотежени, хранливи оброци што ги обезбедува НFF. Во изминатите седум години, Herbalife активно ѝ дава поддршка на програмата Casa преку собирање средства на настани, организација на работилници за исхрана и обезбедување едукативни ресурси за промоција на здрава исхрана. Овие работилници ги држат блогери за исхрана и стручњаци за рециклирање и ги учат децата за хранливи оброци и одржливи практики. Соработката со HFF инспирира постојана посветеност на подобрување на животот на децата и поттикнување позитивни промени во заедницата.

Casa Meiyuan, Тајван

Casa Meiyuan е сместена во оддалечените планини на Миаоли, Тајван и им дава поддршка на 60 деца од локалното население што доаѓаат од сиромашни семејства. Голем дел од овие деца се соочуваат со предизвици во однос на исхраната поради нередовни оброци, и за нив најчесто се грижат баба и дедо или постар брат или сестра. Програмата Casa Meiyuan склучи партнерство со Herbalife во 2020 г. и оттогаш добива неопходна поддршка, која меѓу другото им обезбедува шејкови, оброци и едукација за исхрана на децата. Секоја година, од 60 до 100 Herbalife Дистрибутери волонтираат на настани, учествуваат во активности со децата и обезбедуваат хранливи шејкови. Herbalife придонесува и за одржување на објектите, а обезбедува и материјали за обука за едукаторите.

 

Во склоп на Casa Meiyuan гордо функционира клуб за борење, а производите на Herbalife одлично ја дополнуваат исхраната на децата и тие добиваат одлични оброци пред натпревари. Во изминатата година, тимот постигна нови клучни резултати во физичките перформанси и успех на разни натпревари.

 

Мисијата на Herbalife да го подобрува животот преку подобра исхрана совршено одговара на целите на Casa Meiyuan, при што води сметка секое дете да ја добива потребната поддршка за поздрава, посветла иднина.

Casa Meiyuan, Тајван

Yayasan Chow Kit (YCK) е 24-часовен центар за кризи и услуги што обезбедува оброци, активности, терапија, управување со случаи и едукација на деца и тинејџери од ризични групи во Чау Кит, Куала Лумпур. Со средствата од HFF, Herbalife обезбедува поддршка за програмите за исхрана на YCK, со што одговара на зголемените потреби на заедницата по пандемијата и за време на високата инфлација. Нашата цел е да ја намалиме несигурноста за храна, да ја зголемиме свесноста за проблеми со глад и да промовираме инклузија на заедници.

 

Иницијативите на Herbalife опфаќаат програма за исхрана за родители и деца, пакети со урамнотежени оброци, помош за купување намирници на 100 семејства во две години за време на пандемијата и вработување готвач за да им приготвува хранливи оброци на децата во прифатилиштето. Како резултат, децата се поздрави и се пофокусирани на училиштето.