Производи
FLaytout Menu

Најчести прашања

Имате прашања? Имаме одговори. На едно место, овде ќе ги најдете одговорите на сите најчести прашања во врска со Herbalife.

F1 Strawberry Shake with decorative strawberries

​​Дали може Herbalife производите да предизвикаат бубрежна слабост?​

Не, Herbalife производите не предизвикуваат бубрежна слабост. Сите Herbalife производи се целосно безбедни за употреба кај здрави возрасни лица, но ако не сте сигурни за конкретните нутриционистички потреби на телото, исконтактирајте лекар за да ви даде дополнителен совет. Како и најголем дел од компаниите за исхрана, користиме состојки како што се протеин, кофеин, калиум, фосфор и други состојки, секогаш во количини утврдени според %ПДВ: препорачан дневен внес за здраво лице. Herbalife производите содржат одредени состојки добиени од природни извори и нутриентите што ги користиме се клучни за одржување урамнотежена исхрана.

Меѓутоа, им препорачуваме на лицата со нарушена функција или со хронично заболување на бубрезите секогаш да се консултираат со нутриционист за лица со нарушување на бубрезите или со лекар пред да направат какви било промени во исхраната. До бубрежна слабост може да дојде и при преголем протеински внес, големи количини кофеин и интолеранција на одредена храна.

Дали е во ред да ги користам Herbalife производите ако имам хронично бубрежно заболување?

Ако не сте сигурни за конкретните потреби на телото во однос на исхраната, посоветувајте се со лекар.

Протеин

Лицата со хронично бубрежно заболување што сакаат да заменат оброк или ужина со високопротеински шејк, мора да знаат кои нутриенти му се потребни на телото за да избегнат можни последици за бубрезите.

Сите наши високопротеински производи се формулирани за да придонесуваат за одржување и раст на мускулната маса и за одржување здрави коски. Нашиот Формула 1 шејк како заменски оброк, обезбедува 18 грама протеин во една порција кога се приготвува со 250 ml полумасно млеко и содржи 25 витамини и минерали (врз база на %ПДВ: препорачан дневен внес за здраво лице), меѓу кои и витамин Д што придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем.

Калиум и фосфор

Нашиот Формула 1 шејк со вкус на Vanilla Creme содржи 342 mg фосфор и 682 mg калиум во 250 ml готов производ (кога се приготвува со напиток од соја збогатен со калциум и витамини, според упатството на етикетата на производот).

Во споредба со нашиот Формула 1 шејк со вкус на Strawberry Delight што содржи 466 mg фосфор и 768 mg калиум во 250 ml готов производ (кога се приготвува со полумасно млеко, според упатството на етикетата на производот).

На лица со бубрежно заболување што се на исхрана со ограничен внес на калиум, обично внесот на калиум треба да им биде под 2.000 mg на ден – согласно препораките на Националната фондација за бубрежни заболувања. За лица со бубрежно заболување (што не се на дијализа) се препорачува и да внесуваат од 800 до 1.000 mg фосфор на ден.

Како што е прикажано погоре, нашите Формула 1 вкусови се разликуваат во количината на состојките поради варијација на вкусовите. Важно е секогаш да ги проверувате етикетите пред да консумирате одреден производ за да бидете сигурни за точната количина витамини и минерали во производот.

Кофеин

Една порција од Herbalife производ со кофеин содржи помалку кофеин од просечна шолја кафе. Една шолја кафе содржи приближно од 85 mg до 100 mg кофеин. Herbalife производ што содржи кофеин е Инстант растителниот напиток со екстракти на чај со приближно 87,5 mg во една порција.