Производи
FLaytout Menu

Најчести прашања

Имате прашања? Имаме одговори. На едно место, овде ќе ги најдете одговорите на сите најчести прашања во врска со Herbalife.

Our Company
Leaf background

​​Дали е Herbalife лош за мене?​

Не, Herbalife не е лош за тебе. Всушност, милиони корисници во целиот свет го користат Herbalife. Во 2020 г., 5,3 милиони Herbalife Формула 1 шејкови како заменски оброк се консумираа на дневно ниво. Нашите производи се формулирани со состојки од природни извори како што се соја, грашок, ленено семе, овес и алоја вера. Некои од нив се богати со разни микронутриенти, како на пр., магнезиум, витамин Д, витамин Ц и витамин Е.

Нашите производи, како што е Формула 1 заменскиот оброк, ги формулираме за да му обезбедуваат на телото правилна рамнотежа на есенцијални нутриенти. Нашите производи најдобро делуваат кога се користат во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана, како дел од здрав, активен начин на живот. Состојките што ги користиме се главно од природни извори и се користат заедно во правилна комбинација за да ја потврдат нашата филозофија за исхрана. Ако не сте сигурни од каде да почнете, овде се нашите независни дистрибутери за да ви помогнат да ги изберете производите што одговараат на вашите потреби.

Во над 90 пазари на кои работиме се придржуваме до најстрогите стандарди за квалитет во индустријата за исхрана. Ги следиме нашите системи за контрола на квалитет за да бидеме сигурни дека се придржуваме до сите владини правила и прописи. Посветеноста на Herbalife на безбедноста на потрошувачите почнува со идеација на производот и строго се одржува во текот на целиот животен циклус на секој производ.

Нашиот тим на стручњаци се придржува до највисоките стандарди за наука и безбедност на производите. Сите процеси се надгледуваат согласно Глобалната директива за наука и безбедност на производите (GPSS) за евалуација на безбедноста на Herbalife (HLF) производите за исхрана однатре.

Овој сеопфатен документ нуди процес за евалуација на безбедноста на сите Herbalife состојки. Континуирано се ревидира и ажурира во согласност со науката и прописите поврзани со евалуација на безбедноста на храна и додатоци во исхраната, како што се:

  • Насоки за поднесување евалуација за адитиви во храната на Европската агенција за безбедност на храна (EFSA).

  • Препораки на Научната корпорација „ESCO“ за документот со насоки на „EFSA“ за испитување на безбедноста на билки и билни препарати наменети за употреба како додатоци во исхраната, врз база на студии на реален случај.

  • Насоки на „EFSA“ за испитување на безбедноста на билки и билни препарати наменети за употреба како состојки во додатоци во исхраната, и

  • Нацрт документ со насоки на „EFSA“ за подготовка и презентација на апликацијата за авторизација на нова храна.

  • Финално правило на Агенцијата за храна и лекови на САД за супстанции што се општо прифатени како безбедни.

Herbalife има инвестирано над 300 милиони УСД во програми за производство и квалитет за да бидеме сигурни дека на нашите потрошувачи на глобално ниво им ги нудиме најдобрите производи. Нашите системи за контрола на квалитет се неспоредливи со останатите во индустријата и континуирано ги тестираме нашите производи од состојките па сѐ до финалниот производ. Поминуваат низ строги процедури за да бидеме сигурни дека ги исполнуваат сите стандарди за квалитет.

Како Herbalife ги тестира своите производи?

Herbalife ги тестира сите свои производи и интерно и преку сертифицирани организации од трета страна за да потврди дека се во согласност со регулаторните препораки. Ги тестираме, ги ретестираме и потоа ги тестираме уште еднаш.

Имаме центри за истражување и развој во сите наши поголеми региони: Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Кина, Пацифичка Азија и Индија. Заедно соработуваме со нашите колеги од целиот свет и тимот од научници за да ги разбереме и да ги поставиме приоритетите за нови производи. 

Како главно одговорно лице на нашиот Оддел за истражување и развој, имам тешка и возбудлива работа: јас и мојот тим работиме за да обезбедиме континуитет и раст на бизнисот преку научно истражување, како и развој и подобрување на нашите висококвалитетни производи.“ – Мајкл Јатсила, Постар потпретседател, Истражување и развој.

  • Сите наши лаборатории за контрола на квалитет се во согласност со стандардите за добра лабораториска практика (GLP) и протоколите за акредитација ISO 17025.

  • Нашите објекти се сертифицирани во согласност стандардите за добра производна практика на „NSF International“ и стандардите за регистрација на производствени капацитети за спортска исхрана.

  • Сите наши модерни производствени капацитети имаат лаборатории што се во согласност тековните стандарди за добра производна практика (GMP).

Што значи посветеноста на Herbalife  на квалитет за потрошувачите?

Herbalife се залага за отворен дијалог меѓу потрошувачите и лекарите. Ова е клучна компонента на безбедноста на клиентите. Тимот за глобална безбедност на потрошувачите ја олеснува оваа комуникација така што нашиот персонал за здравје и безбедност им стои на располагање за консултации со лекарите. 

Тимот за глобална безбедност на потрошувачите на Herbalife со задоволство одговара на какви било прашања поврзани со производите што може да ги имаат лекарите. Без разлика дали се тоа прашања за тоа дали производите одговараат за клиенти со одредени рестрикции во исхраната или други специфични медицински прашања. Лекарите може да ја контактираат компанијата директно на gcs@herbalife.com