Производи
FLaytout Menu

Најчести прашања

Имате прашања? Имаме одговори. На едно место, овде ќе ги најдете одговорите на сите најчести прашања во врска со Herbalife.

Our Company
Leaf background

​​Дали е Herbalife безбеден да се користи за време на бременост?​

За сите додатоци во исхраната за време на бременост треба да се разговара со матичен гинеколог. Важно е да се знае дека нашите производи не се тестирани конкретно за да се докаже дека се безбедни да се користат во текот на бременост или при доење. Препорачуваме бремени жени или доилки да се консултираат со матичен лекар пред да користат додатоци во исхраната за да се утврди дали е соодветно да ги користат.

Тоа значи дека е важно да го информирате матичниот гинеколог за сите додатоци што ги користите за да се утврди дали се компатибилни едни со други и дали може да ги користите безбедно во согласност со вашите индивидуални потреби во однос на исхраната или на здравјето.

Дали може да ги користам Herbalife производите во текот на бременост?

Една просечна жена во текот на бременост треба да внесува 2.500 калории на ден наместо препорачаните 2.100 калории потребни пред бременоста. Ова е за поддршка на раст на здраво бебе.

Ако вашиот матичен гинеколог има прашања во врска со нашите состојки или производи, може да нѐ контактира директно на gcs@herbalife.com.