Секојдневна исхрана и добросостојба
Шест важни совети за зимски wellness
Herbalife 17 декември 2024
Се подготвуваме за зимските месеци, деновите се пократки, температурите опаѓаат и на многу од нас ни е тешко да го одржуваме здравјето и добросостојбата.
Ова може да доведе до нарушено спиење зашто намалувањето на денот го нарушува биоритамот на телото, го зголемува стресот и анксиозноста и ја зголемува можноста за појава на сезонско афективно нарушување (SAD), тип депресија што се јавува кога деновите се пократки.
Го зедовме ова предвид и ви подготвивме топ шест совети од д-р Ричард Алисон, нутриционист во Herbalife и член на регистарот на нутриционисти за спорт и вежбање (SENR). Овие совети ќе ви помогнат да си го одржувате здравјето на телото и умот во транзицијата кон постудени и потемни месеци.
Имајте рутина
Синхронизирајте си го телото со годишното време и имајте редовна рутина. Константна рутина за спиење, за оброци и за вежбање помага за регулирање на биоритамот, но имајте предвид дека ова може да биде малку хаотично кога деновите се пократки.
Бидете активни
Кога сме активни, покрај тоа што го одржуваме физичкиот фитнес, си го подобруваме и расположението и го зајакнуваме имунолошкиот систем. Ова ни помага да ги намалиме ефектите од намалената дневна светлина врз расположението и врз енергијата. Прилагодете си ги животните навики во склоп со годишното време – вежбајте на затворено или тренирајте спорт за студено време!
Омега 3
Омега 3 масните киселини, што ги има во масни риби, ленено семе и ореви, го подобруваат расположението во оваа сезона. Помагаат за намалување воспаленија и надминување на зимската депресија, затоа додајте си ги во исхраната.
Витамин Д
Природната светлина моќно делува врз подобрување на расположението. Излезете надвор на дневна светлина за да уживате во сонцето додека го има! Зимското сонце не обезбедува витамин Д, затоа додатоците во исхраната со витамин Д се ефикасен начин за соодветен внес!
Магнезиум
Дали сте под стрес или не можете да спиете? Храната богата со магнезиум, како што се јатки, семки и листест зеленчук, помага за опуштање, го подобрува квалитетот на сонот и е задолжителна во студените месеци.
Витамин Ц
Витаминот Ц и цинкот обезбедуваат најдобра заштита на имунолошкиот систем. Во исхраната додајте цитрусно овошје, бобинки, мешунки и јатки за да бидете силни и да се изборите со сезонските вируси.