Производи
FLaytout Menu
Full length of confident young woman jumping with rope in gym

Фитнес

Придобивки од тренинзите со скокање со јаже

Herbalife 31 октомври 2023

Потскокнете, прескокнете и скокнете во нов фитнес свет.

Тренинзите со вертикално скокање се сега многу важни за луѓето што сакаат да развијат експлозивна сила, брзина и цврстина. На интернет може да најдете видеа - и тоа навистина импресивни.

Ако не сте по вертикалното скокање, најдете други начини за да ги одлепите стапала од подот и ќе имате многу здравствени и фитнес придобивки. Плус, не мора да одите во теретана за да уживате во нив.

Опциите за скокање може да бидат едноставни ѕвезда-скокови [анг. star jumps] и склекови со скок [анг. burpees] со повисок интензитет, а и нашиот омилен тренинг со јаже.

Јажето за скокање навистина служи само за прескокнување кај возрасните. А ние го обожаваме затоа што е едноставен начин да влезете во форма без да трошите пари. Плус, многу е забавно. Не сме единствени: скокањето е основна вежба во тренинзите на личните тренери, професионалните боксери и познатите луѓе, меѓу кои и Кети Пери, Џејк Џиленхол и Силвестер Сталоне.

Земете јаже и дајте му шанса!

5 причини да правите вежби со прескокнување  

5 причини да правите вежби со прескокнување

  1. Не ви треба скапа опрема или членство во теретана. Може да скокате секаде каде што има простор.
  2. Скокањето е вежба за целото тело, се користат стомачните мускули, нозете, рамењата и рацете.
  3. Програма за редовно скокање може да ви помогне да изградите мускулен тонус во долниот и во горниот дел од телото.
  4. Може да скокате со темпо што вам ви одговара, па затоа е скокањето одличен тренинг за сите фитнес нивоа.
  5. И за крај, но не и најмалку важно - скокањето е забавно!