Производи
FLaytout Menu
Herbalife fitness couple doing healthy meals

Фитнес

Пет совети за здрава исхрана на фитнес парови

Herbalife 31 октомври 2023

Внимавајте ако ги броите калориите – партнерот можеби нема да сака да ви се придружи. И покрај тоа, може да ви биде одлична поддршка.

Одлучивте да ги броите калориите. Имате план. Одлучни сте. И вашиот партнер е со вас. Потоа ве канат на вечера и одлучувате да не одите: тоа не е тоа што го сака партнерот.

Вистината е дека храната е значаен дел од секоја врска. Паровите поминуваат многу време во приготвување оброци и јадење заедно. Значи, кога едниот партнер ќе одлучи да почне посебен начин на исхрана, тоа може многу да влијание врз другиот. Во шкафчињата нема веќе мали задоволства, изборот на оброци се менува и помалку јадете во ресторан. Начинот на живот ви се менува... на двајцата.

Еве ги нашите пет главни совети како да одржувате здрава врска кога едниот партнер е на посебен начин на исхрана.

  1. Не почнувајте ‘диета’. Само избирајте поздрава храна. Драстична промена во планот на оброци не е секогаш ефикасна или лесна за одржување, а и партнерот веројатно нема да ви се придружи. За двајцата е подобро да почнете поздрава исхрана.
  2. Не барајте од партнерот да ви биде полицаец. Избегнувајте одговорноста да му ја префрлате нему. Ако кикснете, многу е лесно да му ја префрлите вината. Но, сами сте одговорни за она што го јадете. Не вашиот партнер.
  3. Немојте да го шокирате партнерот одеднаш. Кажете му го предвреме планот. Разговарајте за можните промени во начинот на живот пред да се случат и партнерот подобро ќе ги прифати и ќе ви дава поддршка.
  4. И барајте поддршка. Но, бидете конкретни за помошта што ви треба - на пример, да вежбате заедно или да ги тргнете на страна слатките грицки. Партнерот ќе сака да ви помогне, но можеби нема да знае како.
  5. Тргнете го фокусот од храната. Не ви треба калоричен оброк во ресторан или храна за носење за да уживате во времето што го поминувате со партнерот. Фокусирајте се на она што ве прави одличен пар. Многу работи може да си делите покрај голема пица.