Секојдневна исхрана и добросостојба
Што се протеински шејкови
Сузан Бауерман, MS, RD, CSSD, CSOWM, FAND – Постар директор, Глобална едукација и обука за исхрана 01 ноември 2023
Како брз, избалансиран оброк
Протеинските шејкови кои се дизајнирани да го заменат оброк се одлични за луѓето кои се јадечи. Брзи се и погодни и можат да обезбедат балансирана исхрана кога времето за подготовка на оброк е ограничено.
Како замена за оброк за да ви помогне да ослабнете
За оние кои се обидуваат да ослабат, може да се користи шејк за замена на еден или два оброка дневно. Освен што е погодно, протеинските шејкови кои го заменуваат оброкот имаат дефинирана содржина на калории и се контролирани, што го олеснува контролата на вкупниот внес за денот.
Како додаток за да ви помогне да добиете тежина
За оние кои се обидуваат да добијат тежина, протеинските шејкови можат да се користат за обезбедување на дополнителни калории. Пиењето протеински шејк помеѓу оброците или на спиење може да помогне да се зајакне внесот на калории на здрав начин.
За да го дополните вашиот внес на протеини
Уште една причина зошто да пиете протеински шејк е за да го зголемите вкупниот протеински внес во текот на денот ако ви е тешко да ги задоволите потребите од протеин само со оброците. Кога сами си ги приготвувате протеинските шејкови, може да си ја одредите количината протеин во шејкот според индивидуалните потреби.
Гориво пред и по вежбање
Многу луѓе пијат протеински шејкови по тренинг, но шејковите се корисни оброци и пред тренинг. Оние што вежбаат наутро најчесто сакаат да „си го наполнат резервоарот“ со лесен оброк, па протеинските шејкови се токму тоа што им треба.
За подобра рамнотежа во исхраната
Протеинскиот шејк е како празно сликарско платно. Може да му додавате секакви состојки што ќе ви помогнат да ги задоволите дневните потреби во исхраната. Многу е лесно, само додајте една порција овошје или зеленчук, а со соодветни додатоци може да си го зголемите и внесот на растителни влакна или здрави масти.
Изберете правилна комбинација за вашиот протеински шејк
Некои протеински шејкови се комплетни – направени се така што само треба да ги измешате со вода. Но, најчесто протеинските шејкови треба да се мешаат со млеко. Комбинацијата шејк и млеко обезбедува правилна рамнотежа во исхраната со готов шејк.
Протеинските додатоци што се од животинско потекло содржат сурутка и казеин (и двете се добиваат од млеко), како и протеин од белка од јајце. За оние пак што претпочитаат протеин од растително потекло, постојат додатоци што се добиваат од извори како што се соја, ориз, грашок или киноа.
Некои протеински додатоци содржат мешавина од протеини. Една од причините за ова е дека различни протеини се варат со различна брзина. На пример, протеинот од сурутка се вари побрзо од казеинот. И оваа комбинација од протеини што се варат брзо и бавно може да помогнат за градење и репарација на мускулите.
Друга причина е дека вегетаријанските протеини, со исклучок на сојата, не се сметаат за комплетни во исхраната. Многу вегетаријански протеински додатоци содржат мешавина од неколку протеини од растително потекло. На овој начин, готовиот производ обезбедува целосно надополнување на есенцијалните аминокиселини и затоа претставува целосен протеин.
Многу протеински додатоци се со вкус, иако може да најдете и обични без вкус. На многу луѓе највкусни им се шејковите што содржат протеински додаток со вкус. Потоа ако им е потребно си додаваат дополнителна количина протеински додаток без вкус во шејкот.
Најголем дел од протеинските шејкови, ако се приготвуваат според упатството на етикетата, обично содржат околу 15 до 20 грама протеин во една порција.
Изберете со каква течност ќе си го правите шејкот
За да постигнете правилна рамнотежа во исхраната со шејкот, важно е да го приготвувате според упатството на етикетата.
Со вода треба да се мешаат само протеинските шејкови што се направени да се приготвуваат со вода. Самите овие производи се нутриционистички урамнотежени и не им се потребни дополнителни нутриенти од течноста со која се мешаат. Наместо обична вода може да користите црно кафе или сварен чај.
Млеката од ориз, бадем, коноп или овес содржат многу малку протеин и затоа најчесто се користат за протеинските шејкови што се мешаат со вода. Овие алтернативи за млеко ќе му дадат вкус на шејкот и ќе го зголемат бројот на калории во него, но содржат многу малку протеин.
Овошните сокови не го збогатуваат шејкот со протеин. Затоа и тие треба да се користат со шејкови што се направени да се мешаат со вода. Но, овошните сокови содржат доста калории, па имајте го тоа на ум ако сте свесни за калориите. Од друга страна, ако се обидувате да го зголемите бројот на калории што го внесувате, мешањето шејк со овошен сок може да биде добра опција.
Се разбира дека шејковите што се направени за мешање со вода може да се мешаат и со млеко или со соино млеко. Мешањето со млеко само ќе ја зголеми количината протеин, како и бројот на калории во шејкот.
Пет додатоци за протеинскиот шејк
1. Дополнителна количина протеин
Иако протеинските шејкови веќе содржат протеин, може ќе сакате да додадете повеќе протеин ако ви е потребно. Се разбира дека може да додадете обичен протеински додаток, но исто така може да додадете и производи како младо бело сирење со ниска масленост, јогурт, рикота или меко тофу за да ја зголемите количината протеин.
2. Овошје и зеленчук
Ако додадете овошје и зеленчук во протеинскиот шејк, на лесен начин ќе си додадете повеќе порции здрава храна во дневната исхрана. Смрзнатото овошје и зеленчук се практични и го прават шејкот погуст. Експериментирајте со различни видови овошје и зеленчук, на пример слатки зеленчуци како што се морковите или мускатната тиква. Пробајте различни комбинации како што се ананас со морков или банана со мускатна тиква. Ако сакате да пробате нешто поразлично, додајте понеобични состојки во шејкот, како што се мали листови спанаќ или цвекло.
3. Растителни влакна
Најголем дел од протеинските шејкови не содржат голема количина растителни влакна и многу од луѓето не внесуваат доволно растителни влакна, па затоа во шејковите додајте храна богата со растителни влакна. Се разбира дека може да изберете специјален додаток со растителни влакна или може да се одлучите за овошје и зеленчук, овесни снегулки, трици или семки како што се сончогледот, ленот или семки од чиа - сите се богати со растителни влакна.
4. Калории
Ако треба да внесувате поголем број на калории, може да додадете овесни снегулки, јатки, путер од јатки, авокадо или сушено овошје за да го зголемите бројот на калории во шејкот.
5. Мраз
Мразот е пријатен додаток на шејкот затоа што ја згуснува течноста. Исто така мразот му дава волумен на шејкот со што ја зголемува порцијата без да додава калории. Ова е одличен трик за оние што внимаваат на тежината!