Нега на кожата и телото
Крцкави нути мусли
Рејчел Ален 17 октомври 2023
30 порции
15 минути
30 минути
45 минути
Јаткастите плодови се одличен извор на здрави масти, витамини и минерали. Подготвено со вкус на Формула 1 крем од ванила и Beta heart® за дополнителни протеини и влакна, ова мусли обезбедува избалансиран и вкусен појадок или ужина во секое време од денот.*
*Нашите производи ги имаат сите нутритивни корисни ефекти само кога се приготвуваат според инструкциите на етикетата. Ве молиме прочитајте ги етикетите на производите за целосни информации за нутритивните вредности.
Нутритивни вредности
Нутриенти во една порција:
- Енергија: 249 kcal
- Протеин: 6 g
- Јаглехидрати: 24 g
- Масти: 15 g
- Растителни влакна: 2 гр
- Шеќер: 11 гр
Потребно:
- 2 порции (52 g) Herbalife Формула 1 вкус на крем од ванила
- 8 порции (61 g) Herbalife Beta heart®
- 125 гр кокосово масло
- 150 мл мед или сируп од агава
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 500 гр овесни снегулки или мешавина од јачмен, пченица и 'рж снегулки
- 100 гр излупени бадеми
- 100 гр сецкани индиски ореви
- 100 гр исушен кокос
- 100 гр семки од тиква
- 100 гр семки од сончоглед
- 250 гр сушено овошје, како што се сечкани суви урми, смокви, кајсии, суво грозје и султани
Начин на приготвување
- Загрејте ја рерната на 170° C (150° C со вентилатор).
- Во мало тенџере растопете го кокосовото масло, медот или сирупот од агава и екстрактот од ванила.
- Во голем длабок сад измешајте ги овесните снегулки, бадемите, индиските ореви, кокосовите трошки и семките од тиква и сончоглед.
- Турете ја смесата во растопеното кокосово масло и мед (или агаве) и мешајте за смесата убаво да се соедини.
- Турете ги муслите во големо тавче за печење и печете ги во рерна 25 минути или додека јатките и семките не поруменат.
- Мешајте го во рерна на секои 5 минути, за да се зарумени рамномерно.
- Извадете го плехот од рерна и оставете ги муслите во плехот да се изладат со често мешање.
- Кога ќе се олади, додадете го сувото овошје, вкусот на Формула 1 крем од ванила и Beta heart®.
- Промешајте и ставете во херметички сад да се чува на собна температура. Добро се чува до еден месец.
Совети:
- Можете да додадете една или две лажички мелен цимет.
- Пробајте различни комбинации на јаткасти плодови, семки и сушено овошје за разновидност.