Регулирање на телесната тежина
Идеи за здрава исхрана во лето
Herbalife 31 октомври 2023
Часовниците се поместија напред, но не се полесни само вечерите, туку и оброците! Летото ни доаѓа, па сега е одлично време да ја ставиме на страна храната што ни дава утеха и да бидете креативни со сезонски салати и со свежо овошје и зеленчук.
Овошје и зеленчук може да купуваме во текот на целата година, но нема ништо слично на свежината и вкусот што на храната ѝ ги даваат сезонските, домашни производи. А и ќе направите „зелена“ разлика со тоа што нема да набавувате храна што доаѓа од места оддалечени илјадници километри.
Зошто да не ја замените зимската храна што ве стоплува (како печени компири) со сезонски зеленчук како што се карфиол и брокула? За љубителите на салата, млад кромид и рукола може да набарете во мај. Ако сте љубител на пудинг, сезонската рабарбара е сочно задоволство!
Заменете го црвеното месо со бело за полесни оброци: пилешко месо и морска храна се здрав додаток на секоја пролетна или летна салата.
И, иако можеби се чувствувате помалку гладни како што се зголемуваат температурите, многу е важно да пиете течности. Препорачливо е да пиете од од 6 до 8 чаши течност на ден. Водата, нискомасленото млеко и пијалаците без шеќер се важни, но извадете го и блендерот. Сезонското овошје во мај е совршено за сокови и за смути со одличен вкус.
https://www.nhs.uk/live-well/eat-well/the-eatwell-guide/