Производи
FLaytout Menu
Пита лепче на послужавник со хумус од цвекло

Секојдневна исхрана и добросостојба

​Интегрални пита лепчиња

6 порции

45 минути

15 минути

60 минути

Направете си пита лепчиња дома. Вкусни и приготвени со Beta Heart® и со Formula 3 Персонализираниот протеински прашок, овие лепчиња се одличен извор на протеини и влакна.*​

*Нашите производи ги имаат сите нутритивни корисни ефекти само кога се приготвуваат според инструкциите на етикетата. Ве молиме прочитајте ги етикетите на производите за целосни информации за нутритивните вредности.

​Нутритивни вредности

Нутриенти во една порција:

 

  • Енергија: 233 kcal
  • Протеин: 8 g
  • Јаглехидрати: 31 g 
  • Масти: 10 g 
  • Растителни влакна: 4 g 
  • Шеќер: < 1 g 

Потребно:

  • 2 порции (15 g) Herbalife Beta heart®
  • 2 порции (12 g) Formula 3 Персонализиран протеински прашок 
  • 125 g остро интегрално брашно 
  • 125 g остро органско бело брашно 
  • ½ лажичка сол 
  • ½ лажичка мелен коријандер  
  • ½ лажичка мелен ким 
  • ½ лажичка мелен црвен пипер (може да се користи чадена пиперка - лута или блага) 
  • 125 ml млака вода 
  • 50 ml ладно цедено маслиново масло 

Начин на приготвување

  • Ставете ги во сад сите суви состојки и измешајте. Направете дупка во средина.
  • Измешајте ги водата и маслиновото масло и во средината истурете ја смесата од сувите состојки. Добро измешајте за да се соединат сите состојки и обликувајте тесто. 
  • Префрлете го тестото на работна површина и со рацете месете околу 5-7 минути за да се изедначи. Не додавајте дополнително брашно додека го месите тестото. 
  • Намачкајте ја топката тесто со малку маслиново масло, покријте ја и оставете ја да отстои 30 минути. 
  • Поделете го тестото на 6 дела, а потоа од секој дел (преостанатото тесто нека биде покриено со крпа) правете круг од 20 сантиметри. 
  • Загрејте грил-тавче или тавче за пржење. 
  • Печете ги пита лепчињата едно по едно, на загреаното тавче, по неколку минути на секоја страна, додека не се испечат добро. Ќе почнат да се појавуваат мали темнокафеави дамки. 
  • Веднаш завиткајте ги во чиста крпа. Лепчињата може да ги наредите едно врз друго, добро завиткани за да се задржи пареата додека се уште топли. Така ќе останат вкусни и меки. 
  • Послужете ги цели или исечете ги на ленти и јадете ги со омиленото макало.