Дали е Herbalife безбеден за дијабетичари?
Нашите нутриционисти препорачуваат секое лице што има дијабетес да се консултира со лекар пред да направи промени во исхраната затоа што секој има специфични потреби во однос на исхраната. Сите Herbalife производи се создадени согласно државни закони и закони на ЕУ за да бидеме сигурни дека се безбедни за здрави возрасни лица.
Дали може дијабетичари да ги користат Herbalife производите?
Лица што имаат дијабетес може да користат голем број Herbalife производи во исхраната секој ден. Меѓутоа, нутритивните вредности на производите од нашата линија варираат во зависност од вкусот, големината на порцијата и намената на производот.
На пример, Herbalife Формула 1 шејкот како заменски оброк со вкус на Vanilla Creme содржи 21 грам јаглехидрати во порција од 250 ml готов производ, а нашиот Формула 1 шејк како заменски оброк со вкус на Banana Cream содржи 20 грама јаглехидрати во порција од 250 ml готов производ (кога се приготвува според упатството на етикетата на производот).
Има повеќе фактори од кои зависи дали одреден производ одговара за дијабетичари. Тоа се: здравствената состојба, типот дијабетес, личната дозволена количина јаглехидрати препорачана од страна на лекар и употребата на лекови.
Важно е да запомните дека промените во исхраната може да влијаат и врз нивото на шеќер во крвта и врз лековите, покрај фактот што одредени луѓе со дијабетес може да имаат одредени ограничувања во однос на исхраната.
Лицата со дијабетес тип 1 може да имаат различни нутритивни потреби во споредба со лицата со дијабетес тип 2. Секој лекар може директно да го контактира Herbalife ако има дополнителни прашања во врска со нашата линија производи - на gcs@herbalife.com.