Производи
FLaytout Menu
Young female with curly hair applying sunblock cream on face while standing against blurred sea on sunny day

Нега на кожата и телото

​Заштита на кожата во лето

Herbalife 31 октомври 2023

Некои од нас сакаат да се запознаат со локалниот јазик пред да одат на одмор, но има и друг јазик што треба да го совладате: јазикот на заштитата од сонце. Што се тоа УВ-Б зраци? Дали навистина постои разлика помеѓу SPF20 и SPF30? Што значи тоа ‘издржлив на вода’? Ако сè уште не го зборувате течно јазикот на заштитата од сонце, еве еден корисен водич: 

УВ-А 

Превод: Ултравиолетови А зраци, долги бранови должини што носат зрачење од сонцето. Изложеноста на УВ-А може да предизвика брчки, набирање на кожата и пигментација. Најлесен начин да запомните е А да го поврзете со ‘aging’ (стареење на англиски).

УВ-Б

Превод: Ултравиолетови Б зраци, кратки бранови должини што предизвикуваат горење и се поврзани со рак на кожата. Б како ‘burns’ (изгореници на англиски). На пакувањата на млеката за сончање и УВ-А и УВ-Б заштитата се оценети со ѕвездички на скала од 0-5, при што 5 ѕвездички нудат највисоко ниво на заштита. 

SPF

Превод: Фактор за заштита од сонце, кој е оценет на скала од 2-50+, при што 30 е минимална препорака од дерматолозите. SPF во млекото за сончање помага да се блокираат УВ-Б зраците. 

Широк спектар

Превод: Производ за заштита од сонце што делува против УВ-А и УВ-Б зраците и обезбедува поголема сеопфатна заштита.

Издржлив на вода 

Превод: НЕ ‘водоотпорен’! Немојте да мислите дека кожата ќе биде подеднакво заштитена по натопување во вода исто како и по првото нанесување млеко за сончање. Нанесете млеко за сончање, а потоа нанесувајте редовно.

Не заборавајте, редовно нанесувајте производ со широк спектар, а на почувствителните делови од кожата, како што е лицето, секој ден во годината користете заштитен дневен крем (како што е нашиот Herbalife SKIN Заштитен хидрантен крем cо заштитен фактор). Држете се подалеку од сонце во најтоплиот дел од денот и не заборавајте капа!