Производи
FLaytout Menu
Photo of athletic young sportsman doing exercise while working out on summer beach

Фитнес

Фитнес рутина за време на одмор

Herbalife 31 октомври 2023

Кренете рака ако некогаш сте ја спакувале опремата за вежбање кога одите на одмор за потоа цел одмор да остане најдолу во куферот. Да бидеме искрени: дури и кога имаме најдобри намери, понекогаш фитнес рутината ја напуштаме кога ќе стигнеме на дестинацијата за одмор.

Но, одморот е одлична можност да пробате нешто ново кога е фитнесот во прашање. Без разлика каков одмор имате испланирано, тука сме да ви помогнеме со идеи.

Ајде да одиме на плажа

Заменете го вообичаениот неделен час по пилатес со јога на плажа, зајакнување на трупот со веслање на SUP-даска или дури и едноставно утринско трчање по песокот. Ќе ги активирате мускулите на нови и разновидни начини - а и загарантирано ќе имате убав поглед пред вас додека вежбате!

Поминете ја секоја препрека

Ако дестинацијата за одмор ви е на некој нерамен планински терен, пробајте планински велосипедизам, јавање коњи, нордиско пешачење или планинарење како дел од вашиот одмор. Повеќето ресорти во планинските области се изградени за ваков вид возбудливи активности и ја изнајмуваат неопходната опрема. 

Урбан одмор 

Посетувањето нови градови нуди секакви можности за фитнес. Најлесен начин е да си поставите предизвик по колку чекори на ден да правите, да излезете и да истражувате пеш. Може да ја искористите и можноста да ги испробате локалните теретани и часови, да изнајмите велосипед или да испробате нови и возбудливи патеки за трчање.

Време е да ја спакувате опремата за вежбање!