Производи
FLaytout Menu
A glass of blueberry, banana and spinach protein shake with fresh ingredients in a blender

Секојдневна исхрана и добросостојба

Мали чекори, големи резултати: Одржливи промени во новата година

Сузан Бауерман, MS, RD, CSSD, CSOWM, FAND – Постар директор, Глобална едукација и обука за исхрана 19 ноември 2024

Може да ви биде предизвик да донесете новогодишни одлуки, но не обесхрабрувајте се. Со текот на времето дури и со мали промени во исхраната ќе стекнете здрави навики. Откријте практични совети како да ги надминете препреките, да останете мотивирани и да изградите долготрајни навики за здрав начин на живот. 

Дали се сеќавате на одлуките што ги донесовте минатата година? Ако сте како поголем дел од луѓето, веројатно си ветивте дека ќе јадете поздраво, ќе вежбате повеќе и ќе ја намалите тежината. Навратете се назад, како ви помина годината? Дали постигнавте сè што си ветивте? Или годината ја почнавте со нови сили и потоа се вративте на старите навики и оваа година ќе ги донесете истите одлуки? 


Ако ги донесувате истите одлуки секој јануари, не обесхрабрувајте се - тоа е знак дека ви е важна грижата за себе. Секогаш кога си поставувате цели за намалување на тежината или за поздрави навики, настојувате да си го подобрите здравјето иако не сте целосно стигнати до целта. Само затоа што си ги давате истите ветувања не значи дека не сте постигнале напредок минатата година.

 

Кога годината ја почнувате со планови за подобрување, тоа ја покажува вашата посветеност и секој мал чекор ве води поблиску до вашите цели. Запомнете, постепените промени се гледаат со текот на времето и секој вложен напор е напредок што вреди да се прослави.

Секое подобрување е добро и води кон подобри навики

Ако успеавте да пиете помалку газирани сокови, да јадете помалку ужини и да готвите дома почесто, веќе имате напредок. Кога правиме мали промени во секојдневните навики, со тек на време може да имаме вистински, долготрајни придобивки. Едноставни промени како намалување на внесот на шеќер или внесување повеќе зеленчук може навистина многу да значат. Во новата година, фокусирајте се да постепено да ги зголемувате овие придобивки.

 

Преземете ги следниве чекори

 

  • Јадете повеќе зеленчук: Додајте по една порција зеленчук со еден оброк во денот, на пр. може да додадете спанаќ во кајгана или во протеински шејк.
  • Внесувајте помалку шеќер: Напитоците што содржат шеќер заменете ги со газирана вода со вкус или со билни чаеви.
  • Избирајте ги ужините паметно: Изберете јатки или овошје наместо преработени ужини како чипс или колачи.

Не правете премногу промени одеднаш: Почнете со мали промени и не откажувајте се

Звучи примамливо да си поставиме високи цели и да стекнеме неколку нови навики одеднаш. Но, со мали чекори е често полесно да развиваме навики за здрава исхрана. Размислете кои промени ви се најважни и фокусирајте на нив. Кога си поставувате цели што може лесно да ги контролирате, поголема е веројатноста дека ќе направите трајни промени што ќе водат кон долгорочен успех.

 

Преземете ги следниве чекори

 

  • Стекнувајте навики една по една: Работете на стекнување една здрава навика, како на пр. секое утро да јадете високопротеински појадок.
  • Поставувајте си конкретна цел за секоја недела: Наместо да си поставите општа цел, како на пр. да јадам повеќе овошје, поставете си цел што може да се мери, како на пр. да јадам салата со ручекот трипати во неделата.
  • Следете го напредокот: Користете дневник или апликација за да ги следите новите навики и да следите како ќе се чувствувате.

Одвикнете се од лошите навики и тргнете ги препреките од патот

Ако ви е тешко да правите здрави избори, препознајте ги препреките и искушенијата и така ќе најдете решение. На пример, ако ви е тешко да јадете урамнотежени оброци и често избирате брза храна, проблемот може да биде тоа што готвењето секоја вечер ви одзема премногу време. Ќе ви биде полесно да јадете здраво ако готвите во поголеми дози и замрзнете неколку порции или ако си одвоите време во недела за да приготвите неколку оброци. Размислете и да користите план со оброци, зависно од тоа кои ви се целите во однос на телесната тежина.

 

Преземете ги следниве чекори

 

  • Подготвувајте едноставни оброци однапред: Направете неколку брзи, здрави оброци на почетокот на неделата за да ви бидат при рака кога ќе сте зафатени.
  • Здравите ужини ставете ги на видливо место: Ставете овошје на работната маса или исечен зеленчук во фрижидерот на место каде што ќе го видите.
  • Изградете систем на поддршка: Дружете се со пријател или со член на семејството што сака да прави поздрави избори како и вие. Проверувајте ги препреките и напредокот секоја недела.

Изградете здрав начин на исхрана со мали промени

Кога станува збор за развивање навики за здрава исхрана, успехот често доаѓа со подготовка и планирање. Ако ви е целта да јадете повеќе зеленчук, почнете да купувате свежи или замрзнати производи и постепено додавајте ги во исхраната. Полесно ќе ви биде ако додавате салата, печен зеленчук со оброците или свежо овошје како ужина отколку да си го смените целиот начин на исхрана преку ноќ.

 

Преземете ги следниве чекори

 

  • Додавајте по малку зеленчук: Додајте еден вид зеленчук со еден оброк во денот додека да се навикнете.
  • Користете алтернативи за ужини што содржат шеќер: Пробајте свежо овошје или кисело млеко со мала количина шеќер.
  • Планирајте ги ужините: Подгответе си здрави ужини и поделете ги во мали кутии за храна за да ви биде практично кога сте во движење.

За крај: Малите промени прават разлика

Иако промените се мали, тоа не значи дека не прават разлика. Ако ручекот што го приготвувате дома двапати неделно содржи 300 калории помалку од вообичаениот ручек што го јадете во ресторан, калорискиот внес го намалувате за 31.000 калории на годишно ниво, а тоа е околу 4 килограми. Ако јадете по едно парче овошје наместо една чинија сладолед секоја вечер по вечерата, може да намалите уште 4,5 килограми до следниот јануари... и тоа со само една мала промена.

 

Кога креираме начин на живот со едноставни навики за здрава исхрана, не станува збор за совршенство, туку за напредок. Секоја мала промена гради моментум и потврдува дека сте способни да растете. Запомнете, дури и еден здрав избор на ден води кон долгорочен успех. Затоа, почнете со една навика и продолжете понатаму - секој чекор е важен.

 

Дали сте подготвени за мали промени? Придружете ѝ се на нашата заедница на Instagram и споделете го својот напредок! Означете го профилот на @Herbalife или споделете објава со хаштаг #LiveYourBestLife

За авторот

Сузан Бауерман е постар директор за Глобална едукација и обука за исхрана во Herbalife. Таа е и претседавач на Советодавниот одбор за диететика и на Советодавниот одбор за исхрана однадвор во Herbalife. Како регистриран диететичар, г-а Бауерман ги едуцира Herbalife независните Дистрибутери за нашата глобална филозофија за исхрана и е одговорна за развој на материјали за едукација и обука за исхрана.