Регулирање на телесната тежина
Колачиња со сусам и бадеми
Рејчел Ален 18 октомври 2023
12 порции
15 минути
15 минути
30 минути
Совршени за попладневно уживање, овие вкусни колачиња изобилуваат со здрави масти и се одличен извор на протеини. Се приготвуваат со Formula 1 со вкус на Vanilla Cream и со Протеинскиот напиток во прав.*
*Нашите производи ги имаат сите нутритивни корисни ефекти само кога се приготвуваат според инструкциите на етикетата. Ве молиме прочитајте ги етикетите на производите за целосни информации за нутритивните вредности.
Нутритивни вредности
Нутриенти во една порција:
- Енергија: 193 kcal
- Протеин: 7 g
- Јаглехидрати: 7 g
- Масти: 15 g
- Растителни влакна: 1 g
- Шеќер: 5 g
Потребно:
- 1 порција (26 g) Formula 1 со вкус на Vanilla Cream на Herbalife
- 1 порција (28 g) Протеински напиток во прав на Herbalife
- 150 g таан
- 80 ml јаворов сируп
- 120 g мелени бадеми
- ½ лажичка прашок за печиво
- 4 лажици сусам
Начин на приготвување
- Загрејте ја рерната на 180°C (160°C со вентилатор).
- Обложете едно или две тавчиња со хартија за печење.
- Во сад ставете ги таанот и јаворовиот сируп и убаво измешајте.
- Додајте ги мелените бадеми, прашокот за печиво, Протеински напиток во прав и Formula 1 со вкус на Vanilla Cream и мешајте додека не добиете тесто за колачиња.
- Од тестото направете топчиња со големина на орев и извалајте ги со сусамот. Погрижете се секое топче да биде доволно покриено со сусам.
- Ставете ги топчињата во обложеното тавче и малку притиснете ги со рака.
- Печете ги во загреана рерна околу 12 минути, додека одозгора не се распукаат, а одоздола не поруменат.
- Извадете ги од тавчето и ставете ги на решетка да се изладат.
Совети:
- За тестото за колачињата може да користите и електричен рачен миксер.