Дали е Herbalife измама?
Не, Herbalife не е измама. Herbalife е глобална корпорација за директна продажба што развива и продава производи за исхрана и додатоци во исхраната.
Компанијата Herbalife е основана во 1983 г., прерасна во број 1 компанија во светот за регулирање на телесната тежина и за општа добра состојба и е една од најголемите нутриционистички компании во светот. Им обезбедуваме висококвалитетна исхрана на нашите потрошувачи во светот преку мрежа независни дистрибутери.
Деловната можност на Herbalife се темели врз нашата посветеност на висококвалитетни стандарди и транспарентност. Со ниски почетни трошоци и 90-дневна гаранција за враќање на средствата, Herbalife им дава сигурност ни сите што сакаат да станат независни дистрибутери.
За деловната можност на Herbalife треба напорно да се работи. Нема ниту краток пат за брзо да се збогатите, ниту гаранција за успех.
Herbalife на независните дистрибутери им обезбедува маркетиншки материјали и материјали за социјални медиуми, каде што спаѓаат и наградувани техники за продажба. Компанијата има над 40 години искуство во индустријата за исхрана и понатаму е број 1 избор за регулирање на телесната тежина и општа добра состојба.
Зошто Herbalife не е измама?
Herbalife работи во повеќе од 90 земји во светот, строго ги почитува сите локални, регионални и глобални закони и прописи. Гаранцијата за Златен стандард на Herbalife е збир од политики што се воведени за да ги заштитат сите наши независни дистрибутери и клиенти.
Подолу може да ги прочитате нашите Гаранции за Златен стандард:
Ниски почетни трошоци: Членарината за независен дистрибутер е ниска и нема услови за купување минимална количина производи. Покрај тоа, строго им препорачуваме на новите независни дистрибутери да не купуваат производи во големи количини.
Без дополнителни трошоци: Нема услов за купување дополнителни бизнис или продажни алатки за да почнете или да успеете во Herbalife Членството.
90-дневна гаранција за враќање на средствата: сите независни дистрибутери имаат право на целосно враќање на средствата за Herbalife стартниот пакет во рок од 90 дена ако поради одредена причина дојде до откажување на Членството. Ги враќаме и средствата за испорака.
12-месечна гаранција за враќање на средствата: Имаме гаранција за целосно враќање на средствата на сите неискористени производи. Тоа значи дека дистрибутерите имаат цела година да вратат дел или сите непродадени или неискористени производи купени во претходните 12 месеци.
Едукација и обука: Јасно ги наведуваме корисните ефекти од секој производ и правилниот начин на употреба директно на етикетите на секој производ – сакаме да бидеме сигурни дека соодветни производи се користат на соодветен начин за да постигнеме реални резултати.
Транспарентност и чесност: Обезбедуваме реални очекувања и точни информации за деловната можност, за потенцијалната заработкаno и за трудот што треба да се вложи за да се успее на секое ниво.
Заеднички договор: Бараме од секој нов независен дистрибутер писмено да потврди дека е запознаен со овие Гаранции за Златен стандард пред да му ги прифатиме Апликацијата и Договорот за Членство.