Rob Levy
Интернационален директор
Биографија
Роб Леви е Интернационален директор за Herbalife. Во својата улога, тој е одговорен за сите деловни, стратешки, продажни и маркетинг функции низ регионот, кој ги вклучува Северна Америка, Централна Америка и Јужна Америка.
Пред оваа позиција, г. Леви беше на двојна лидерска функција како извршен потпретседател за дистрибутерски прашања и за Латинска Америка, каде што ги водеше пазарните тимови и локалните лидери на Независните Дистрибутери во Јужна Америка, Централна Америка и Мексико со цел да поттикне одржлив раст во регионот.
Г-дин Леви беше во Herbalife 29 години и имаше голем број високи улоги во компанијата. Тој беше одговорен за бизнисот, продажбата и маркетингот на сите Дистрибутери и за оперативни функции на Дистрибутерите. Во своето време поминато во компанијата, тој има работено во секој регион и во одредени периоди го надгледуваше лиценцирањето на производите на глобално ниво и работењето во Америка. Тој, исто така, го надгледуваше тимот на новите пазари, играјќи клучна улога во отворањето на повеќе од 35 пазари ширум светот.
Пред да стане дел од Herbalife, г. Леви работеше во Lear Astronics, Corp., водечка воздухопловна компанија, каде што беше одговорен за групите за договори и цени.