Производи
FLaytout Menu
Фотографија од Иби Монтесино

Ibi Montesino

Директор, Северна Америка

Биографија

Како Директор за Северна Америка, Иби Монтесино ѝ помага на компанијата да ја постигне својата цел, а тоа е да им помага на луѓето да живеат најдобар живот. На својата функција како директор за човечки ресурси, таа ги надгледува сите глобални бизниси на Членовите, каде што спаѓаат продажба, маркетинг и оперативни функции на Дистрибутерите, како и сите аспекти на менаџирањето и релациите со вработените лица. Покрај тоа, ѝ помага на компанијата да оствари придобивки од продуктивноста и од импактот и да извршува стратешки, оперативни и културни агенди.

Претходно, г-а Монтесино беше постар потпретседател и управен директор за Северна Америка, и притоа беше одговорна за сите бизнис, стратешки, продажни и маркетинг функции во регионот, каде што спаѓаат САД, Канада, Јамајка и Карибите.

Г-ѓа Монтесино се приклучи на компанијата во 1998 година како помошник на потпретседателот за обука за лична нега. Последователно, таа стана глобален менаџер за маркетинг на производи пред да се приклучи на регионалниот тим на Северна Америка. За време на својот мандат во регионот на Северна Америка, работеше на повеќе позиции; прво како менаџер на Западниот брег, па потоа како директор, постар директор и потпретседател на продажба и маркетинг во САД за латинскиот пазар.

Во нејзината работа во повеќе области од бизнисот, г-ѓа Монтесино им помогна на компанијата и на независните членови да понудат поздрав избор на начин на живот на луѓето во широк опсег на социо-економски услови.

Во 2011 година, списанието Poder Hispanic ја вклучи во престижната годишна листа на „100-те највлијателни Хиспанци на нацијата“ во САД.

По потекло од Куба, г-ѓа Монтесино е двојазична на англиски и шпански и има диплома за бизнис администрација од Националниот универзитет.