Производи
FLaytout Menu
Expert. For Bio and title go to: https://www.herbalife.com/en-us/about-herbalife/our-experts

Gary Small

MD – член, Советодавниот одбор за исхрана на Herbalife

Биографија

Д-р Гери Смол е член на Советодавниот одбор за исхрана на Herbalife. Тој, исто така, служи како претседател на Одделот за психијатрија и бихејвиорална медицина во Медицинскиот центар на Универзитетот Хакенсак и како главен лекар за здравствени услуги во однесувањето во Hackensack Meridian Health, најголемиот и најсеопфатен здравствен систем во Њу Џерси.

Претходно, др. Смол беше професор по психијатрија и стареење на Медицинскиот факултет „David Geffen“ при Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА).* Беше и директор на Одделот за геријатриска психијатрија на Институтот „Semel“ и на Центарот за долговечност при Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА)*.

Именуван како еден од најдобрите 50 светски иноватори во науката и технологијата од страна на Scientific American, тој е еден од главните одговорни лица во истражувањето за когнитивниот пад и психичките нарушувања поврзани со возраста. Д-р Смол е автор на над 500 научни публикации и често се појавува на „Денес“, „Добро утро Америка“, PBS и CNN. Тој е коавтор на 12 популарни книги со неговата сопруга Џиџи Ворган, вклучувајќи го и бестселерот на Њујорк Тајмс, „Библијата за сеќавање“.

Д-р Смол е член на Друштвото „Phi Beta Kappa“, дипломирал со сите почести (summa cum laude) на Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА)* и дипломирал на медицинскиот факултет „Keck“ при „USC“ со почест „Alpha Omega Alpha“. Откако го завршил медицинскиот факултет, стажирал интерна медицина во Детската болница и во медицинскиот центар за возрасни лица во Сан Франциско, општа психијатрија во Општата болница „Massachusetts“ во Бостон и завршил студии по геријатриска психијатрија на Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (УКЛА)*. Сака да вежба и ги користи производите Herbalife SKIN® Заштитен хидрантен крем со заштитен фактор 30 и Herbalife24® Liftoff®. 

*Политиката на Универзитетот на Калифорнија е да не поддржува конкретни производи или услуги.